Членот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа и член на Комисијата за правни прашања и човекови права на ПССЕ, Александар Николоски, учествуваше на седницата на горенаведената комисија.

Комисијата го избра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна.

Генералниот известувач за укинување на смртната казна има мандат да интервенира во прашања кои се однесуваат на укинувањето на смртната казна во различни контексти (земји членки и набљудувачи, партнери за демократија, држави кои аплицираат за таков статус). Тој периодично известува до комисијата за собраните информации и преземените активности.

Неговиот мандат трае една година и може да биде реизбран максимално двапати. За првпат се избира претставник на нашето Собрание на оваа позиција.