Александар Манев, Кроација осигурување: Заврши ерата на евтино задолжително осигурување

by Fokus

Осигурителната индустрија се соочува со низа предизвици кои веќе значително влијаат на целокупниот иден развој на оваа гранка. Цените на осигурување со години се непроменети и можам да кажам дека нашите граѓани имаат достапност за осигурување по најниски цени во регионот, вели во интервју за „Фактор“, Александар Манев, генерален директор на „Кроација осигурување“, Друштво за неживотно осигурување во земјава.

-Посебно е ниска цената на авто осигурувањето која не е променета 15 години, а од друга страна растат цените на резервните делови и цените на услугите на сервисите. Тоа ја доведува во прашање издржливоста и оправданоста за осигурителните компании да го нудат овој продукт. Исто така сакам да истакнам дека енормниот пораст на цените на здраствените услуги во услови на замрзнати цени на осигурителни продукти нѐ доведува во уште потешка позиција. Актуелната економска состојба, инфлацијата дополнително влијаат на индустријата. Како индустрија тешко може да планираме иден раст и развој, а истовремено да бидеме атрактивни за привлекување на талентирани млади луѓе, вели Манев во интервјуто.

 

Поврзани новости