933
Александар Ѓорѓиев е разрешен од должноста портпарол на Владата на Република Македонија со одлука донесена на денешната владина седница.
Исто така, направени се уште неколку кадровски промени, така што, за нов директор на ЈП Службен весник е именуван Мартин Костовски. Разрешен е досегашниот в.д. директор Лука Кржалоски.
За вршител на должноста директор на Агенцијата за млади и спорт е именуван Дарко Каевски. Разрешен е досегашниот в.д. директор Марјан Спасески. Нов директор на Државниот архив на Република Македонија е Кирил Петров. Разрешен е Филип Петровски.