Александар Белов стана татко: Ти благодарам Боже!

by Fokus

Македонскиот пејач Александар Белов синоќа, на Василица, стана татко, а оваа радосна информација тој ја сподели на социјалните мрежи.

Тој и неговата сопруга Јелена за прв пат се остварија како родители, откако таа на свет донесе здраво женско дете, а девојчето го доби името Мина.

„Ти благодарам Боже што ни дозволи да станеме родители. Јелена Белов, ти благодарам што ни донесе на свет наша нова заедничка љубов. Се роди Мина Белов“, напиша тој на социјалните мрежи.

Фото – Приватна архива

Поврзани новости