Пиштолот од којшто актерот Алек Болдвин пукаше на снимање на фил и уби жена, му го дал асистентот на режисерот кој му рекол дека е безбеден, покажуваат судски записи, јавува Би Би Си. Според овие записи, асистентот не знаел дека реквизитот содржи боева муниција.
Директорката на фотографија Халина Хачинс почина откако куршумот ја погоди во градите, а режисерот Џо Соуз кој се наоѓал веднаш зад нејзе, е ранет. Тој е пуштен од болница во текот на вчерашниот ден.
Полицијата објави дека како доказ ја зела крвавата облека на Болдвин и ги заплениле реквизитите од сетот. Шеесет и тригодишниот актер беше испрашан во полиција, но се уште никој не е обвинет за трагичниот инцидент што се случи на филмскиот сет. Болдвин кажа дека во потполност ќе соработува со полицијата.
Како што пишува пак „Лос Анџелес тајмс“, неколку часа пред трагичниот инцидент на снимањето на филмот „Rust“ во Ново Мексико, дел од техничкиот персонал го напуштило местото на снимање во знак на протест против лошите временски услови, односно луѓето кои работеле на филмот биле огорчени од условите под кои се снимал нискобуџетниот филм.
Извор на „ЛА тајмс“ рекол дека на сетот не во потполност не се почитувале безбедносните протоколи. Минатата недела, најмалку еден учесник во снимањето на филмот се жалел на продукцијата околу безбедносните проблеми со оружјето. Двојникот на Болдвин, случајно минатата сабота испукал два куршума и тоа откако му било речено дека пиштолот е „ладен“, термин кој се користи за да се каже дека пиштолот нема вистински куршуми. Продукцијата испрати порака дека имале повеќе инциденти кои вклучувале и користење на вистински куршуми.
Актерот Алекс Болдвин на филмски сет во четвртокот снимајќи вестерн во Ново Мексино случајно ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот.