Алек Болдвин повторно обвинет за убиство од небрежност

by Fokus

Големата порота во Ново Мексико го обвини актерот Алек Болдвин за убиство од небрежност на снимањето на филмот „Раст“ во октомври 2021 година.

Претходно, во април минатата година, само две недели пред почетокот на судењето, беа отфрлени сите обвиненија против Болдвин за убиството на снимателката Халина Хачинс.

Како што пишува Би-Би-Си, оттогаш локалните обвинители спровеле дополнителни форензички анализи на пиштолот од кој пукал актерот. Адвокатите на Болдвин изјавија за Би-Би-Си дека „со нетрпение го чекаат својот ден на суд“.

Болдвин (65) вежбал пукање со пиштол Колт 45 пред да сними сцена во „Раст“, ​​вестерн кадар недалеку од Санта Фе.

Меѓутоа, пиштолот пукнал, убивајќи ја 42-годишната Хачинс и повредувајќи го режисерот Џоел Соуза.

Актерот тврдеше дека не го повлекол чкрапалото. Тој исто така тврдеше дека не е виновен за смртта на Хачинс бидејќи не знаел дека во пиштолот имало вистински куршуми, бидејќи тие не требало да бидат на сетот.

Но, специјалните обвинители во Ново Мексико изјавија дека анализата на оружјето покажала дека тоа не можело да испука без да биде повлечено чкрапалото. Доколку биде прогласен за виновен, на Болдвин му се заканува затворска казна до 18 месеци.

Поврзани новости