Алек Болдвин ослободен од сите обвиненија за убиството на снимателката

by fokus

Сите кривични пријави против Алек Болдвин за смртоносното пукање врз снимателката Халина Хачинс на снимањето на „Раст“ се отфрлени, соопштија неговите адвокати.

-Задоволни сме од одлуката на Обвинителството, бидејќи случајот против Алек Болдвин беше отфрлен. Охрабруваме и соодветна истрага за фактите и околностите на оваа трагична несреќа“, изјави неговиот адвокат Лук Никас во изјава за Би-Би-Си.

Во јануари, Болдвин беше обвинет дека ја предизвикал смртта на Хачинс од невнимание и го повредил режисерот на „Раст“ Џоел Соуза. Актетерот можеше да се соочи со 18 месеци зад решетки, но тој се изјасни за невин. Неколку месеци подоцна, обвиненијата против него беа отфрлени, а снимањето за вестерн „Раст“ продолжи на 20 април.

„Излегоа на виделина нови факти кои бараат дополнителна истрага и форензичка анализа. Одлуката не го ослободува Болдвин од кривична одговорност и може повторно да биде поднесено обвинение. Нашата понатамошна истрага ќе остане активна и во тек“, соопшти обвинителството во Ново Мексико.

Поврзани новости