786
Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри е близу до тренерското место во Манчестер јунајтед, пренесува „Тутоспорт“.
Според изворот, се интензивирале преговорите меѓу двете страни. Се очекува тој да има поголема плата од Јувентус (7,5 милиони евра годишно). Претходно беше објавено дека сегашниот селектор Оле Гунар Солскјер може да биде разрешен.
Исто така, се посочува дека Италијанецот има намера да покани двајца играчи на Јувентус во тимот од „Олд Трафорд“, играчот од средниот ред Емре Џан и напаѓачот Марио Манџукиќ. И двајцата сега не се меѓу стартерите во Јувентус.
Манчестер јунајтед го зазема 12. место во Премиер лигата, со осум бода од можни 24.