АЛДЕ: Местото на Северна Македонија и е во ЕУ, го поддржуваме францускиот предлог

by Fokus

Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) испраќа директна порака преку Твитер дека за Северна Македонија пристпаните преговори со ЕУ треба да започнат веднаш, тоа значи и да се прифати Францускиот предлог.

– Местото на Северна Македонија е во Европската Унија и пристапните преговори треба да започнат веднаш. Среќни сме што ги гледаме најновите случувања, го поддржуваме францускиот предлог, прифаќајки ги идентитетот и јазикот на Македонците. Ние сме силни заедно. – порачуваат од АЛДЕ.

Поврзани новости