Алчинов за Ковачки: Уставно начело е владеење на правото, а не на преседаните!

by Фокус

Преседанот не може да генерира право таму каде што е во директна контрадикција со уставните и законските норми, смета магистерот по уставно право Драган Алчинов, откако ВМРО-ДПМНЕ го предложи армискиот полковник Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи.

„Владеењето на правото, а не владеењето на преседаните е основно начело на нашиот Устав“, напиша Алчинов на неговиот фејсбук профил.

Инаку, македонскиот устав пропишува дека министер за внатрешни работи не може да биде лице кое во последните 3 години не било цивил, но опозицијата и дел од јавноста го бранеа предлогот на опозицијата со веќе направени преседени со изборот на Силјан Аврамовски и Митко Чавков за министри за внатрешни работи.

Поврзани новости