734
Косовскиот премиер Албин Курти од денеска е во изолација откако имал контакт со службеник од министерството за евроинтеграции кој пак, комуницирал со лице позитивно на Ковид-19.
Преку статус на Фејсбук, Курти рече дека ги чека резултатите од тестирањето.
Официјален претставник од Министерството за европски интеграции имал контакт со лице позитивно на COVID-19. Земени се примероци и чекаме резултати. Од денес, јас сум во изолација во станот додека не го добиеме наодот од тестот, напиша Курти.