Албанците реагираат кон Мицкоски: Дијаспората не се евидентира, туку се попишува

by Фокус

Откако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 21 вечерва изјави дека дијаспората не се попишува туку се евидентира, реагираа албански претставници од опозицијата, но и од власта.

-Дијаспората е нераздерлив дел од нашето општество, витален дел на економијата и општиот развој на земјата и таа се брои како во локалните и општински статистики и во овие државни и републички – вели Бујар Османи од ДУИ.

Со него се согласува и неговиот сопартиец Артан Груби, кој изјави:

„Законот е јасен и нема никаква можност за двојни интерпретации. Дијаспората е дел од нас, се брои, е дел од општата популација и точка. Сите да се регистрираат. Се останато е ситна политичка пропаганда за моментални придобивки“.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците, пак, изјави дека Заев и Мицкоски се натпреваруваат во триумфализмот над Албанците.

-Заев рече дека преку контрола на податоците ќе се избришат од пописот сите печалбари кои немаат државјанство. Оваа изјава е во спротивност со Законот за попис бидејќи државјанството нема врска со попишувањето и според Законот се попишуваат сите без разлика дали имаат државјанство или не.Потоа излезе Мицкоски кој вели дека тие само ќе се евидентираат. И оваа изјава е противзаконска – рече Снопче.

Поврзани новости