Албанци од Косово направиле хаос во Венеција – го симнале италијанското, а го закачиле албанското знаме

by Fokus

На Денот на знамето, 29 ноември, група Албанци од Косово направиле хаос во Портогруаро, предградие на Венеција, јавуваат тамошните медиуми.

Најмалку дваесетина Албанци го блокирале Корсо Мартири со своите автомобили, а потоа, и покрај забраната за автомобили, се упатиле кон плоштадот на Републиката во тој град и се обиделе да го подигнат албанското знаме на еден од најголемите јарболи.

Тој јарбол, како што пишува „La Nuova Venezia“, е резервиран за италијанската тробојка.

Овој инцидент предизвика гнев кај жителите на Портогруаро, бидејќи многу жители биле разбудени од вревата, а некои повикале полиција, која не интервенирала.

Сепак, како што пишува италијанскиот весник, карабинери во цивилна облека од терен ја следеле ситуацијата.

На Албанците сега им се закануваат кривични пријави и административни санкции, пред се за блокирање на сообраќајот, како и за бучава и оштетување на државен имот.

Поврзани новости