Албанските партии во преговорите за медиумите доставиле предлог да се смени името на јавниот сервис од Македонска радио-телевизија во Радио и телевизија на Македонија, поради тоа што првиот назив ја фаворизирал идејата дека јавниот сервис му припаѓа на македонското население, иако работи со парите на сите граѓани, јавува Алсат М.
Освен ова, во предлогот на албанските партии предвидено е првиот канал на МРТ да остане на македонски јазик, а вториот да емитува 24 часови програма на албански. За останатите заедници би требало да се обезбеди простор на третиот Собраниски канал или да се обезбеди сосема нов телевизиски канал.
Посредникот Питер Ванхојте денеска продолжува со билатералните средби со партиите, додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се зацементирани на своите предлози.