Потпретседателот на партијата Алтернатива и поранешен министер за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити во името на албанските партии од опозицијата – Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса денес на прес-конференција пред седиштето на Европската унија во Скопје ја обвини власта дека го злоупотребила европското знаменце за измените на Кривичниот законик.
Алити вели дека потврда дека власта ја злоупотребува „Европа“ се и коментарите и изјавите на Европската комисија од каде претходно кажаа дека измените во Кривичниот законик се несоодветни бидејќи за нив требало да се дискутира подолго и дека со овие измени се зголемува можноста за пораст за неказнивоста кај функционерите.
-Како против одговор за Брисел е изјавата на Али Ахмети од пред неколку дена дека „и Брисел и Вашингтон кога ќе влезат во подлабока анализа ќе ги разберат причините. Ние сме во процес на скрининг и промените во правдата се приоритет“. Овој негов одговор не само што ја навредува интелигенцијата на граѓаните и Европската комисија, туку открива и злоупотребата станала подмет на оваа тема – кажа Алити.
Тој рече и дека во земјава сите се навикнати на честата злоупотреба на европското знаменце и кажа дека дури и кога Европската унија реагира негативно на измените на кривичниот законик, власта и понатаму манипулира дека тие се неопходни за реформи во правосудството и дека се на иста линија со европските пракси.
-Тоа се случува со децении. Така го злоупотребија и албанското знаме за да манипулираат со Албанците дека се борат за нивниот интерес, како што беше и манипулацијата со идејата на албанскиот премиер, за сега да изјавуваат дека времето на патриотизмот е завршено, а при тоа да прејдат на измените во Кривичниот законик со образложение дека тоа е неопходно за реформите во правосудството и тоа е она што ЕУ го побара од нас – вели Алити.