482
Албанскиот парламент, по два и пол часовна расправа, со 101 глас „за“, ја изгласа Анкетната комисија, која ќе испитува дали претседателот Илир Мета го прекршил уставот, со уредбата за одложување на изборите.
Петмина од деветте членови на комисијата се членови на владејачката партија на Еди Рама.
Со тоа повеќе од јасно е дека предлогот за разрешување на Мета до Парламентот е веќе донесен, иако Анкетната комисија својата работа треба да ја заврши во рок од три месеци.
Во меѓувреме, албанската опозиција ги продолжи протестите барајќи оставка на премиерот Еди Рама.