410
Албанскиот премиер, Еди Рама на „Твитер“ напиша дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците претставува „историско постигнување за Албанците, коj ја демократизира и зајакнува Македонија“.
Законот го поздрави и албанскиот претседател Илир Мета кој напиша:
-Драги пријатели, само што стигнав на аеродромот во Љубљана ја добив среќната вест дека македонскиот Парламент го усвоил законот за употребна на албанскиот јазик. Тоа е значаен акт не само за Албанците туку и за европската иднина на Македонија.