Раководителката на секторот за истражување во Бирото за развој на образованието, Ајше Ајрулаи, во вечерашната дебата на „360 степени“ зборуваше и за мултикултурализмот во новиот концепт на основното образование.
-Мултикултурализмот во новиот концепт на основното образование ќе се реализира преку повеќе аспекти или активности кои ќе се реализираат за време на едукативно-образовниот процес. Тоа ќе овозможи на крајот од образованието на еден млад човек, тој да биде спремен да живее во мултикултурно општество како што е нашата земја, вели Ајрулаи.
Додава дека преку интеркултурализмот во образованието учениците кои се етнички Македонци ќе може да го изучуваат албанскиот јазик како изборен предмет од шесто одделение.
-Ќе може да се изучува албански јазик преку ваквите интеркултурни активности и тоа ќе се прави во континуитет, затоа што тоа е најдобриот начин да се запознаат учениците меѓусебе и во оваа насока да го знаат и јазикот на другиот. Но, другиот начин кој е предвиден и со наставниот план, тоа е учење на албансиот јазик како изборен предмет. Ова е една новина со што ќе се даде можност на учениците да го одберат овој јазик како изборен предмет од шесто одделение, вели Ајрулаи.