Албанскиот бизнисмен, сопственик на компанијата „Пе-вла-ку“, Владимир Пјетерѓокај, кој денеска во Скопје се претстави како мнозински сопственик на деловниот центар „Соравиа“ кој го купува заедно со компанија на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, пред македонските медиуми тврдеше дека, иако учествувал и нудел најевтини понуди на тендери во Македонија, досега немал добиено ниту еден.
Зборуваше дека неговата компанија има успешни градежни проекти, патишта и објекти во Албанија, Косово, Хрватска и Италија и има искуство веќе 14 години.
Тој тврдеше дека учествувал на тендери во Македонија за изградба на канализациона мрежа во општина Кичево, како и за изградба на патот, Блаце-Скопје и неколку во Гевгелија, но и покрај најевтините понуди не добил ниту еден тендер.
Со австрискиот бизнисмен, Хано Соравиа имале проект на албанското крајбрежје во Валона, а во Скопје дошол по друг проект, но решил да инвестира во „Соравиа“ кога видел дека има енергетска заштита.
Планира да инвестира и во иднина на друг проект, а се уште размислува дали да се вклучи во проектот за изградбата на коридорите 8 и 10д.
Ф.Ф.С.