Албанските медиуми кои во континуитет информираат околу политичките и други случувања во Македонија, денешниот избор на спикерот на Парламентот Талат Џафери го оценуваат како последователен историски настан за Албанците.
-Со Собранието на Северна Македонија ќе претседава Албанец и во наредните четири години. Талат Џафери од ДУИ е реизбран за претседател со 62 гласа „за“. Повторно, ова е историски настан затоа што вторпат по ред, или практично веќе осум години, Северна Македонија ќе има Албанец на чело на законодавниот дом, наведува агенцијата Балкан веб.
За историски успех на Албанците се смета и министерското место за надворешни работи.
Повеќето од медиумите веста ја пренесуваат под наслов „Албанец на чело на македонската дипломартија“ и „Албанците го земаат и МНР“ додавајќи дека тоа е уште еден огромен историски успех.
Посочуваат дека освен спикерското место во Парламентот врз основа на договорт со СДСМ за формирање влада, ДУИ добила едно вицепремиерско и пет министерски места, како и премиер во последните 100 денови од мандатот.