Кавадаречкиот суд му одреди триесетдневен притвор на албански државјанин кој престојувал во Кавадарци откако предизвикал сообраќајна несреќа со двајца повредени и избегал од местото на несреќата.
Сообраќајката се случила на 29 септември, на регионалниот пар Кавадарц – Мотел Дреново, кога осомничениот пијан управувал со товарно возило „Форд транзит“ во сопственост на кавадаречка фирма.
Кога пристигнал кај местото викано „Лазово Мовче“, пред него се движела работна машина – трактор со приколка.
-На место забрането за престигнување, обележано со полна линија, во близина на кривина во лево, осомничениот започнал да го престигнува тракторот и тоа без да ја прилагоди брзината на возилото. Со предниот дел од камионот, при престигнување удрил во задниот дел на приколката. Тракторот излетал од коловозот во лево, а камионот се извртил странично на спротивната сообраќајна лента, удирајќи во автомобил „Мини купер“ со прилепски регистарски ознаки кој доаѓал од спротивен правец. Во несреќата, возачот на тракторот се здобил со тешка телесна повреда, со телесни повреди се здобил и возачот на прилепскиот автомобил, а шоферот на камионот го напуштил местото на настанот, соопшти Обвинителството.