Албански државјани незаконски ловеле риби на Охридско Езеро

by fokus

Вчера вечерта, две лица од Албанија биле лишени од слобода поради незаконит риболов на Охридското езеро.

„На 01.12.2019 во 21.00 часот полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Е.(31) и Б.Ј.(46), двајцата од Р. Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“, откако биле затекнати во пловен објект во водите на Охридското езеро на територијата на РС Македонија. Б.Е. и Б.Ј. биле предадени во СВР Охрид за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости