Албанската полиција за четири месеци запленила илјадници фалсификувани евра: Дел од нив се од Македонија

by Fokus

 Само во текот на оваа година, државната полиција на Албанија запленила 425.500 фалсификувани евра во 22 случаи.  

-Во споредба со неколку години наназад, се забележува растечки тренд на пуштање на пазарот  фалсификувани банкноти, кои според полицијата не се произведуваат во земјава, туку доаѓаат од Бугарија, Македонија и Италија. Фалсификуваните банкноти се користат во трговијата и бензинските пумпи, но банкноти од 200 или 500 евра често се обидуваат да влезат во берзата користејќи измама, изјави за Топ чанел, Лутфи Минџози, директор на секторот за финансиски криминал во државната полиција. 

Поврзани новости