Албанската полиција открила 28 мигранти, главно Сиријци

by Fokus

Во три одделни акции албанската полиција открила 28 мигранти, главно Сиријци, кои илегално влегле преку зелениот појас на грчко – албанската граница.

Група од тринаесет мигранти со потекло од Сирија и Мароко се откриени на патниот правец Мамурас-Лежа. Мигрантите патувале со автобусот кој сообраќал на релација Тирана-Кукс, со цел да влезат во Косово, а потоа да продолжат за некоја западноевропска земја.

Полицијата поднела соодветна пријава против возачот на автобусот Б.Е.(58) жител на Тирана и кондуктерот Б.Б.(34) од Кукс.

Граничната полиција од Корча открила група од 11 мигранти, од Сирија и Авганистан, во близина на погранчното село Видохова, кај Девол.

Третата група мигранти од Сирија полицијата од Елбасан ги открила во возило „тојота“ на патниот правец Елбасан – Брадашеш. За сума од по 200 евра К.Ќ. (25) од Тирана требало да ги пренесе од Корча до границата со Косово.

Откако во полиција дале изјави, биле транспортрани во центарот на баратели на азил во Тирана.

Деновиве албанската крајбрежна стража спаси од чамец 18 мигранти Ирачани, Иранци и Курди, меѓу нив и пет жени и едно дете. Според нивните изјави шверцерите им земале по 2.000 евра за да ги пренесат од албанскиот на италјанскот брег.

Во Албанија лани биле откриени над 10.000 мигранти, што е за 50 отсто повеќе споредено со претходната година.

Поврзани новости