На граничниот премин „Блато” на албанско-македонската граница кај Дебар, полицијата уапсила албански државјанин при обид да шверцува гориво-нафта.
Станува збор за К.Б.(34) кој во автомобил „audi Q7″ имал натоварено поголема количина дизел, што го набавил во Дебар.
Полициските службеници при извршена контрола во возилото управувано од 34-годишникот пронајдоа поголема количина шверцувана нафта, која како материјален доказ е одземена. По извршени процесни дејствија за овој случај, лишен е од слобода државјанин К.Б. 34 години, за сторено кривично дело „криумчарење стока за која се плаќа акциза“, за кое ќе одговара пред судот во Пешкопеја.
Поради пониската цена и подобриот квалитет на горивата, голем број граѓани од пограничните албански населени места редовно набавуваат гориво, пред се нафта во Дебар. Литар нафта во Албанија е околу 110 денари.