Албанската полиција го следела камионот со кокаин, од кој дел заврши во Крушопек

by Фокус

Камионот во која е пронајден дрогата во скопското село Крушопек низ територијата на  Република Албанија поминал под целосно набљудување од албанската полиција, информираат од Министерството за внатрешни работи на Албанија, пренесува Топ Чанел.

„Во операцијата која имаше за цел контролирана достава на кокаин, учествуваа и структури од албанската полиција, кои овозможија премин на пратката од Црна Гора, преку албанската територија кон Северна Македонија и таа беше спроведена во услови на целосна безбедност и тајност“, информираат од албанската полиција.

Од таму истакнале дека оваа операција преставува уште еден сериозен ангажман на полицијата во борбата против меѓународниот организиран криминал.

Поврзани новости