Албанската опозиција почна со бојкот на Собранието

by Fokus

Албанската опозициска коалиција со неучеството на денешната редовна координација кај спикерот Талат Џафери го почнува бојкотот на работата на Собранието.

Ова меѓудругото за државната МИА го изјави координаторката на пратеничката група – Сафије Садики Шаини.

Таа нагласува дека тие ќе продолжат и со други правни мерки за бојкотирање на работата на Собранието, доколку не биде изгласан нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија – Абдуш Демири.

-Доколку точката за нашиот член на ДИК не биде изгласана на пленарна седница, ќе ја бојкотираме работата во Собранието. Првиот чекор од бојкотот е неучество на координацијата. За информација, на секоја координација со претседателот на Собранието го имам поставено прашањето за нашиот член во ДИК, но Талат Џафери секој пат со образложение и објаснувања, со еден збор, го саботира и манипулира членот на албанската опозиција, рече Садики Шаини.

Доколку местото во ДИК остане непополнето, таа потенцира – ќе бидеме принудени да користимие други мерки.

-Во однос на вашето прашање, постојат многу правни средства со кои можеме да го бојкотираме Собранието. Ако дојде до таа точка ДИК да остане непополнета, односно без наш член, тогаш сме принудени да го заштитиме гласот на нашите граѓани, а тоа може да не принуди да користиме други методи, како на пример блокирање избирачки места во Тетово и Чаир, истакна Садики Шаини.

Поврзани новости