Албанската опозиција ќе има заеднички претседателски кандидат – Албанец

by Fokus

Претседателот на новата политичка партија Демократско движење – екс градоначалникот на Чаир и поранешен член на ДУИ, Изет Меџити најави дека неговата партија, заедно со БЕСА и Алтернатива ќе имаат заеднички кандидат за нов претседател на Македонија.

– Албанската опозиција – (Демократско движење, Движење БЕСА и Алтернатива), со отворена врата и за другите, ќе имаме наш кандидат за претседател – Албанец. Сè уште немаме име, но ова го имаме како определба. Според предвидувањата, може да помине и во втора рунда – изјави Меџити во емисија на тв 21.

Тој смета дека „од една страна е една силна ВМРО, а има и СДСМ паднат на земја“, заклучувајќи дека „ова е шанса за албанскиот кандидат“.

Меџити го оцени таканаречениот Европски фронт на ДУИ, сицилиски фронт гледајќи ги нивните постапки во последните месеци.

– Ако гледаме што се случува со измените во Кривичниот законик, со ситуацијата во Будимпешта, со континуираното отворање на казина и брзи пари, кои се легално лихварство, овој фронт повеќе личи на сицилиски фронт – одговори Меџити на прашањето дали неговата партија ќе се приклучи на Европскиот фронт на Груби.

Поврзани новости