Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, не ѝ даваат место во ДИК

by Fokus

Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, затоа што претходно и претседателот на Собранието Талат Џафери ја напуштил, па тие не можеле со кого да дебатираат за именување нивни член во Државната изборна комисија.

Според информациите, претставникотот на Европски сојуз за промени – Изет Меџити рече дека „Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, откако неа ја напушти и Талат Џафери, токму кога елабориравме за членот во ДИК што треба да го заземе за опозиција, па немаше со кого да дебатираме“.

„Ние бараме предвремени избори да се одржат на 4 и 28 април, а заедно со вториот круг на 28 април да се одржат и претседателските избори. Сметаме дека техничка влада треба да има, но овојпат министрите треба да припаднат на албанската опозиција за еднаш засекогашп да се отстрани дел од режимот и да има фер и демократски избори. За ДИК Џафери одолговлекува цела година им има интенција да избегне да има наш член во Комисијата, што може да биде услов понатаму да се оспорува легитимниоста на изборите“ рече Меџити.

Оттаму го повикаа Талат Џафери „да престане со овие работи, зашто ќе ги квалификуваме како обид за фалсификат на изборите и ќе го оспоруваме нивниот легитимитет. Исто така бараме на следните избори да се овозможи гласање на гласање, преку пошта или електронски, зашто таа е важен дел од демократскиот процес“ – рече Изет Меџити.

 

Поврзани новости