Албанската агенција за аудиовизуелни медиуми (АМА), го предупреди албанскиот јавен радиотелевизиски сервис РТШ поради емитување песни од српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца, инаку сопруга на покојниот Жељко Ражњатовиќ – Аркан, што следува по жалби откако во програма наменета за малцинствата бил емитуван спот од пејачката.
Ваквата одлука е поради тоа што Цеца во неколку прилики имала антиалбански изјави против Косово и бидејќи нејзините песни, како што се тврди, ги инспирирале злосторствата во Босна и Херцеговина и на Косово, пишуваат албанските медиуми.
Во соопштението на албанската агенција, Ражнатовиќ е опишана како „проблематична пејачка“, која со своите постари песни и изјави ги инспирирала злосторства во БиХ и на Косово и ги поддржувала нехуманите дела на својот сопруг Жељко Ражњатовиќ – Аркан, како и на српските воени и паравоени формации кои ги водел тој.