673
Албанија им нареди на градовите, ако биде потребно, да ги исклучат светлата во јавните установи и уличното осветлување поради енергетската криза која ја предизвикаа сушата и растот на цената на струјата.
Поради недостатокот на вода, државата електроенергетска компанија во неделата запред 11 од 13 турбини во хидроелектраните и беше присилена голем дел од струјата да ја увезува.
Хидроелектраните веќе со месеци имаат мака поради тоа што не врне дожд, а тешката ситуација предизвика и огромен раст на цената на струјата во голем број европски земји.
-Во следните два дена нема да има дожд и работите само се влошуваат, затоа мораме да се потпреме на увозот, кажа министерката за енергетика Белинда Балуку.