Податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, потврдуваат дека во изминатите 7 години во просек годишно Албанија ја напуштаат по околу 37.000 граѓани, односно 1,2 отсто од населението или 101 граѓанин секој ден.
Според експерти, загрижува фактот дека околу 80 отсто од нив се најактивната возрасна група за работа, 15-44 години.
– Во Албанија се зголемува загриженоста за падот на работната сила, речиси во сите сектори на економијата, но најпогодени се туризмот, земјоделството и услужните дејности. Барањата за работа се помали од понудите на пазарот. Владата треба да промовира политики во споменатите важни сектори што се погодени од таа криза, оценуваат експерти.
Надлежните пак тврдат дека подготвиле повеќе иницијативи, како онаа за младинска гаранција и за унапредување на вработувањето, со цел, главно, да се спречи заминувањето на младите од државата.
Во првите 6 месеци од годинава во канцелариите за вработување се регистрирани 13.000 барања за работа од 20.000 слободни работни места, а посредувани се 12.000.