Албанија останува обединета со партнерите и НАТО во поддршката за Украина

by Fokus

Официјална Тирана ја осуди одлуката на Русија да ги признаe самопрогласените „Доњецка народна република” и „Луганска народна република” и ја повтори подршката за Украина.

Прв реагираше претседателот Илир Мета, кој, откако ја осуди одлуката на Русија, во официјална реакција оценува дека овој униталатерален акт претставува “тежок прекршок на меѓународното право, договорот од Минск и го поткопува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”.

-Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во подршката за Украина, напиша Мета.

И министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, ја осудува руската одлука и наведува дека тоа е јасно кршење на меѓународното право, договорот од Минск, како и закана по територијалниот интегритет и независноста на Украина.

И таа, како и Мета посочува дека “Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во поддршката за Украина”.

Министерот за одбрана Нико Пелеши смета дека оваа одлука на Русија е опасно движење кое носи нејаснотии за мирот, безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

– Ќе останеме цврсти во поддршката за нашите украински партнери, а НАТО Алијансата е пообединета од кога било, стои во објавата на Пелеши.

Поврзани новости