Албанија не може да му помогне на Косово, тоа може да ни ја ослабне меѓународната позиција, порача Рама

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија не може да му помогне на Косово кога, како што рече, нејзиното раководство ја покажува својата слабост, што на геополитичката шаховска табла носи позиционирање што е определено од потребите на внатрешната политика.

– Да, Албанија не може да му помогне на Косово кога нејзиното раководство ја покажува својата слабост, што на геополитичката шаховска табла носи позиционирање што е определено од потребите на внатрешната политика. Албанија е земја со сè поконсолидирана позиција за интересите на Албанците, на сите Албанци кои никогаш немале поголем заштитник од денес, рече Рама.

Тој нагласи дека не е можно Албанија да стане кукла на која било дневна политика, вклучително и во Косово, што, според него, може да ја ослаби меѓународната позиција на неговата земја.

Меѓу другото, посочи дека актуелниот косовски премиер Албин Курти му е поголем пријател од поранешниот Рамуш Харадинај со кого, додека беше премиер, беше во личен конфликт.

Поврзани новости