Албанија на работ на хаосот, Бериша најави цунами против Рама

by Fokus

Во пресрет на протестот на обединетата албанска опозиција, а по повикот на нејзиниот лидер и претседател на Демократската партија Љуљзим Баша за масовна посетеност на собирот, се огласи и почесниот претседател на таа партија и поранешен премиер на Албанија Сали Бериша.

Бериша, најави „џиновско цунами“ на албанскиот народ против премиерот Еди Рама.

Застрашувачко и џиновско цунами доаѓа против Еди Рама. во 20 часот сите заедно во Тирана. Рама заминува. Победа напиша Бериша на својата страница на Фејбук.

Властите во Тирана ги преземаат неопходните мерки за обезбедување на албанската влада, Парламентот и Министерството за внатрешни работи.

Пред зградата на Владата, Парламентот и албанското МВР се поставени метални огради со жица, влазната врата на Владата е заменета со метална, а поставени се и рефлектори кои овозможуваат осветлување на местата каде ќе бидат стационирани полициските сили.

За безбедноста ќе се грижат меѓу 1.300 и 1500 полицајци, но и припадници на Националната гарда на Албанија.

 

Поврзани новости