Албанија ќе прави попис во 2020 година, за првпат ќе има графа националност

by fokus

Албанскиот Институт за статистика во 2020 година ќе спроведе попис на населението, домаќинствата и земоделските стопанства,девет години по последната значјна статистичка операција.

За првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат,по своја волја, етничката и верска припадност.

Директорката на Институтот, Делина Ибрахимај, вели дека формуларот ќе биде поделен на два столба и тоа со  задолжителни и незадолжителни прашања.

-Формуларот за попис  ќе биде  поделен на два столба, суштествени прашања на кои граѓанинот  задолжително треба да даде одговор и несуштински прашања на кои не е должен да одговори. Прашањата се однесуваат на географските и демографските карактеристики, миграцијата, економските карактеристики на населението, за лицата со посебни потреби, има некои прашања во врска со карактеристиките на земјоделството и етно-културните карактеристики,- вели Ибрахимај.

Таа посочува дека по првпат попишувачот ќе го поставува и прашањето за верската припадност,но бидејќи тоа е лично право на секој поединец,ова прашање не е задолжително да се одговори.

– Во формуларот ги поставуваме прашањата за етничката и верска припадност,но на нив одговорот не е задолжителен. Даваме можност секој поединец слободно да одговори или не на овие прашања.Тоа со цел  да се избегнат многуте дебати присутни при претходните пописи,-нагласува Ибрахимај.

Со цел да се надминат проблемите со личните податоци, Инситутот,во подготовката на формуларот соработувал со Комесарот за заштита од дискриминација и ги почитувал стандардите на европските земји, Обединетите нации и Канцеларијата за статистика при ЕУ,Евростат.

Поврзани новости