Незаконски изнесени икони од Македонија кои завршиле во Албанија ќе бидат вратени согласно Закон за ратификација на договор меѓу двете земји. На денешната седница Владата го усвои овој предлог закон, кој треба уште да ги помине собраниските процедури.
Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое што претходно се договорија Македонија и Албанија, ќе биде вратено во земјава.
„Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област“, велат од Владата.