586
Северна Македонија и Албанија ги исполнија сите критериуми за отворање на пристапните преговори, а Косово заслужува визна либерализација. Тоа го нагласи денеска во Луксембург, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.
– Албанија и Северна Македонија ги исполнија сите критериуми и веруваме дека треба да се отворат пристапни преговори со нив што е можно поскоро, изјави хрватскиот министер по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи.
Министерот Грлиќ Радман рече дека Косово треба да добие визна либерализација што е можно поскоро и дека Хрватска силно го поддржува тоа.