Албанија ги зајакнува мерките за престојните празници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, информираше Огерта Манастирлиу министерката за здравство и социјална заштита.
Наместо од 22:00 до 6:00 часот,што беше воведено на 11 мнатито месец, почнувајќи од 24 декември, полицискиот час ќе се применува од 20:30 часот, до 6:00 часот. Оваа мерка ќе важи до 4 јануари.
– Бидејќи влеговме во период на одмори, врз основа на проценка на ризик што ја носат собирите и зголемувањето на контактите, по анализа на состојбата донесовме неколку одлуки. Така, почнувајќи од 24 декември до 4 јануари ограничувањето на движењето на населението ќе биде од 20:30 до 06:00 часот наутро. Од ова се изземаат службите за инти потреби и медиумите.Од петти јануари полицискиот час се враќа од 22:00 до 6:00 часот,рече Манастирлиу.
Со новата одлука на Комитетот од 24 декември до четврти јануари во 20:30 завршува работното време и во угостителските и трговските објекти,освен оние за домашна достава.
Според неа направената анализа на состојбата од страна на Комитетот на експерти во однос на епидемиолошките податоци на крајот на 51-та недела од епидемијата, проценка е дека последните две недели инциденца изнесува 359 нови случаи на 100.000 жители.