Албанскиот премиер Еди Рама од плоштадот „Скендербег“,во Тирана, каде одблиску го следеше процесот на вакцинацијата на транспортните работници, што почна денеска, најави големи олеснувања на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.
Тој кажа дека Комитетот на експерти за справување со пандемијата утре ќе излезе со нов план за олеснување на мерките.
-Се наоѓаме во оптимална ситуација во однос на стратегијата и акцискиот план, но е многу, многу е важно, да не заборавиме дека се уште немаме целосна предвидливост на патот до целосен излез од овој тунел и затоа мора да продолжиме да бидеме внимателни. Утре комитетот ќе излезе со нов план, со натамошно олеснување на мерките и нашата амбиција за поолеснета туристичка сезона. Наскоро ќе излеземе со програмата за обврски за третиот мандат, рече Рама.