678
Албанија е земја на канабис и локална база за организираните криминални групи кои пренесуваат дроги, од нивните земји на потекло, до европските пазари.
Ова е оценката во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за меѓународната стратегија за контрола на трговијата со наркотици.
Според извештајот, на кој се повикуваат албанските медиуми, канабисот произведен во Албанија се „транспортира во Турција и се разменува за хероин и кокаин, што се шверцуваат низ Европа од албански нарко дилери“, за кои се проценува дека „играат голема улога во меѓународните мрежи за трговија со наркотици и организиран криминал“.