Албанец сакал да излезе од Македонија со фалсификуван пасош

by Fokus

Едно лице од Албанија е лишено од слобода, откако е констатирно дека, при пасошка контрола, неговиот пасош е фалсификуван.

„На 09.02.2019 година во 09,15 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија, по извршена пасошка контрола на З.К. (25) од Албанија  констатирано е дека патната исправа е фалсификувана. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости