Албанец починал од удар на гром кај Љуботен

by fokus

Вчера вечерта во село Љуботен било пронајдено лице од Албанија, кое најверојатно починало од удар на гром, пренесува МВР.

„На 02.06.2019 во 22,05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љуботен–скопско околу 21.20 часот Ф.Б.(38) од с.Љуботен пронашол починато лице М.Д. (24) од Р. Албанија, кој најверојатно починал од удар на гром. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости