294
Италијанските власти утринава спроведоа антитерористичка операција која доведе до апсење на египетски државјанин и на италијански државјанин со египетско потекло, се наведува во полициското соопштение.
Двајца осомничени се товарат за членство во терористичка група и поттикнување терористички акти. Акцијата ја координирало Јавното обвинителство на Милано.
– Две лица се уапсени под обвинение за тероризам – изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
Тој додаде дека нивото на тревога е веќе подигнато и дека властите работат на спречување потенцијални закани. На прашањето дали Италија може да очекува терористички напади како оној што ја погоди Белгија доцна синоќа, Тајани рече дека во моментов нема конкретни закани.