Алармантно загадување во Струмица, предложени мерки

by fokus

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, во Струмица е надминат прагот на алармирање за суспендирани честички ПМ10.

Концентрациите на 31 декември 2024 година и 1 јануари 2025 година изнесуваат 187.47 микрограми на метар кубен и 151.02 микрограми на метар кубен, што го надминува дозволеното ниво од 150 микрограми на метар кубен за два последователни денови.

Во однос на оваа ситуација, се препорачуваат повеќе мерки, вклучувајќи интензивирање на инспекциски надзори на индустријата, контрола на возилата и градилиштата, како и забрана на горење на отворено.

Дополнително, се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, постарите лица и лицата со хронични болести.

Поврзани новости