Алармантна загаденост во Струмица и Лисиче

by fokus

Воздухот во Скопје е есктремно загаден во последното деноноќие, со измерени максимални 584 микрограми на кубен метар ПМ10 честички во Лисиче, додека најзагаден град во последните 24 часа во Македонија беше Струмица со измерени 670 микрограми на  кубен метар. Високи концентрации покажаа мерењата на сите мерни станици во Скопје.

Воздухот е загаден речиси низ целата земја и утрово. Во Лисиче беа измерени 213 микрограми на  кубен метар, 156 во Центар, 139 во Карпош, 150 во Гази баба, 192 кај Ректорат, 101 и 85 на мерните станици во Битола, 132 во Тетово и 187 во Струмица.

Поврзани новости