По настаните Аларм 1 и Аларм 2 за чист воздух, пред МКЦ во Скопје утре со почеток во 13.30 часот ќе се одржи Аларм 3. Настанот го организираат организациите: „Ќе дишеме или ќе издишеме“ од Скопје, „За нас се работи“ од Битола и „ECO Guerilla“ од Тетово.
-Почитувани во време на многу поделби етнички, расни, полови, партиски ние се одлучивме да настапиме ЧОВЕЧКИ!!! Се одлучивме за ЕДИНСТВО!!! Настапуваме и делуваме ЗАЕДНИЧКИ! Некој мора да ја понесе одговорноста за тоа што Скопје веќе извесно време е прв град во Европа по загадување на воздухот, некој мора да ја понесе одговорноста што жителите на Тетово секојдневно се соочуваат со последици од работата на Југохром, некој мора да ја понесе одговорноста што жителите на Битола имаат високо присуство на PM10 честички во воздухот. Таа одговорност ќе ја побараме ние во име на овие три града и во име на оние 868.517 граѓани кои имале проблем со респираторните органи, порачуваат организаторите.