391
Министерот Роберт Алаѓозовски, денеска од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање, појасни дека за да се дислоцира споменикот на Ќосето, кој е поставен пред судовите, ќе треба одлука да донесат советите на Град Скопје и на општина Центар.
-Надлежни за Ќосето се општина Центар, односно тие го поставиле постаментот, а споменикот е поставен од Градот Скопје. Кога би се донеле две решенија за дислокација, тоа би требало да се решенија кои ќе ги донесат советите на општината и на градот, рече Алаѓозовски.