Алаѓозовски најави тужби за изведувачите на МНТ и Археолошкиот музеј

by fokus

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски денеска посочи дека за протекувањето во објектите на МНТ и Археолошкиот музеј одговорност ќе бараат од изведувачите, надзорните органи и стручните служби во министерството, најавувајќи тужби поради нестручно градење.

Покрај прескапите завеси, килими и лустери, ентериерот на МНТ го „красат“ и неколку кофи во кои се собира водата која протекува од плафоните.

Театарот беше изграден пред четири години, а за него се потрошија над 37 милиони евра, a изградбата на Археолошкиот музеј чинеше над 42 милиони евра.

Поврзани новости