Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека МВР бара одредување мерка притвор за Л.А., кој го запали седиштето на културниот клуб Ванчо Михајлов во Битола.
-Имаше опсежна активност на СВР Битола се преземаа многу активности, многу службени разговори се обавени, прегледан е многу материјал од видео надзор не само од објектот, туку и на повеќе објекти и на основа на сите податоци и информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело, изјави Спасовски, кој денеска е во работна посета на СВР Охрид.
Тој појасни дека доцна синоќа по наредба на надлежниот суд, по предлог на СВР Битола и надлежниот обвинител, извршен е претрес во домот и во неколку други објекти, што се сопственост на сторителот на кривичното дело и пронајдени се облеката и други предмети што се доведуваат во врска со кривичното дело.
-Имаме несоборливи докази, лицето е приведено во полициска станица и во моментот очекуваме дека ќе биде извесен пред надлежниот судија на претходна постапка – рече Спасовски.
Инаку, станува збор за пејачот Ламбе Алабаковски, кој неодамна се врати од САД.